Во петокот наутро, над меѓународниот аеродром Мајнот (Minot International Airport) во Северна Дакота, дојде до сериозен инцидент во воздухот кога патнички авион Embraer E175LR од авиокомпанијата Delta Connection/SkyWest беше принуден на агресивна маневра за да избегне судир со американски воен бомбардер B-52 Stratofortress.
Инцидентот се случил додека патничкиот авион се приближувал за слетување. Според информациите, неочекувано воено воздушно движење во близина на летната патека довело до опасно приближување на двата авиони.
Пилотите веднаш реагирале, извршувајќи остар заокрет за да го избегнат B-52 бомбардерот, кој бил во воена операција во близина на аеродромот. Ситуацијата е оценета како „близу до директен судир“, но за среќа, никој не е повреден.
Откако успешно слета, пилотот се обратил на патниците преку разгласниот систем и се извинил за ненадејната маневра, објаснувајќи дека причината била „ненадејно присуство на воен авион во близина на пистата“.
Од инцидентот се појави и видео објавено на социјалните мрежи од корисникот @azamora616, кое ја доловува напнатата атмосфера и реакциите по слетувањето.
Федералната администрација за авијација (FAA) најави дека ќе отвори истрага за да се утврди како дошло до вакво координациско несовпаѓање меѓу цивилниот и воениот авионски сообраќај.