Македонија

Втори во Европа, 17-ти во свет – Македонија сред лето руши рекорди на загаден воздух

Втори во Европа, 17-ти во свет – Македонија сред лето руши рекорди на загаден воздух

Според најновите податоци од глобалните платформи за следење на квалитетот на воздухот, Македонија вечерва се наоѓа на неславно второ место, а 17-то во светот по ниво на загаденост.

Најголемиот загадувач е PM2.5 – ситна прашина која е исклучително штетна за здравјето. Причините за зголемената концентрација се комбинација од високи температури, пожари во околината и слаб ветер, што го задржува загадениот воздух над населените места.

Скопје и Тетово вечерва се соочуваат со високо ниво на загадување на воздухот.

Индексот на квалитет на воздухот (AQI) во двата града е над 100, што се смета за нездрав, особено за чувствителни групи. Главен загадувач е PM2.5, а причините се поврзуваат со локални пожари, топлински бран и слаба циркулација на воздухот.

Дополнително, ветерот носи загаден воздух и од големите пожари кои беснеат во Албанија, недалеку од границата со Македонија.

Граѓаните се повикуваат на внимателност и ограничување на активностите на отворено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни