Попладнево собранието го усвои законот за ваучери за студентите.
Тој предвидува дека сите студенти до 29 години ќе добијат 250 евра ваучер за набавка на таблет, лап-топ или компјутер.
„Нека е со среќа! Усвоен е законот со кој сите студенти до 29 години запишани на додипломски студии во учебната 2025/26 ќе добијат 250 евра ваучер за набавка на таблет, лап-топ или компјутер. Зборот е збор, а младите се и ќе останат во фокусот на делувањето на ВМРО – ДПМНЕ!“, напиша пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.