Македонија

ВИДЕО На 47 години, со последна надеж и 14 неуспешни ин витро оплодувања зад себе стана мајка

ВИДЕО На 47 години, со последна надеж и 14 неуспешни ин витро оплодувања зад себе стана мајка

По голема борба со неплодност, 47-годишна жена го доживеа најголемото животно чудо – стана мајка на здраво женско бебе.

Жената зад оваа инспиративна приказна има зад себе 14 неуспешни ин витро оплодувања (ИВФ) во странство – во Турција, Чешка и Белгија. И кога многумина ќе се откажеле, таа одлучи да ја даде и последната надеж – и дојде во Македонија.

Со помош на тимот на специјалисти и современи методи, нејзината желба за мајчинство конечно стана реалност.

„Некои чуда се прават со знаење, истрајност и вера. Ова е едно од нив“, велат од Болница Плодност.

Пациентката, која својата борба ја водеше тивко и храбро, денес во рацете го држи најскапоцениот дар – своето прво дете, девојче родено во добра здравствена состојба.

Оваа приказна е доказ дека надежта никогаш не треба да се губи, а силата на една жена која сонува да биде мајка – нема граници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни