Вечерва изби голем пожар во кратовското село Димонце. Според локалните жители, огнената стихија брзо се проширила, зафаќајќи поголем дел од селото.
„Цело село гори, сè е пепел. Спасивме една куќа, но многу гори. Нема никој, сами гасиме“, алармираат мештаните.
На терен сè уште нема присуство на противпожарни екипи, а граѓаните бараат итна помош. Ситуацијата е критична и постои сериозна опасност за домовите и безбедноста на населението.