Вицепремиерот Љупчо Димовски, на својот Фејсбук профил објави видео од посебно огно отпорно средство од македонско производство кое претставува неоргански раствор изработен по нанотехнолгија на водена основа и е 100% еколошки производ.
Димовски пишува дека при висока температура се активира и поминува во агро гел.
„Посебно огно отпорно средство од македонско производство, претставува неоргански раствор изработен по нанотехнолгија на водена основа и е 100% еколошки производ. При висока температура се активира и поминува во агро гел.
Со негова соодветна апликација со распрскување преку атомизер или прскање со дрон во шумскиот етат превентивно се овозможува пресекување, гаснење и контролирање на пожарот.
Доколку се потврди неговата ефикасност и на поширок шумски простор или простор со висока и дехидрирана вегетација подложна на лесно палење ова средство би можело да има примена и во нашиот противпожарен систем, односно во превентивната заштита од опожарување на објекти од секаков материјал“, се вели во објавата на Димовски.