Македонија

Алармантно кај Злеово, пожарот стигна над куќите во селото

Алармантно кај Злеово, пожарот стигна над куќите во селото

Сериозна противпожарна состојба вечерва кај радовишкото село Злеово.

Според итниот апел објавен од фудбалскиот клуб Ф.К. Слога – Злеово, пожарот веќе се приближил до куќите над селото и постои реална опасност по имотот и безбедноста на жителите.

„ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Пожарот станува сè посериозен и е сè поблиску до селото. Апелираме до сите што можат и сакаат да помогнат – да дојдат веднаш!“, се вели во објавата на клубот од 28 јули.

Жителите организирано се обидуваат да го спречат ширењето на огнената стихија, но потребна е итна помош од институциите, пожарникари и доброволци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни