Револт меѓу наставниците предизвика оглас за вработување во кој се бара наставник по Природни науки, но како услов е наведено дека може да конкурираат кандидати со завршен факултет по филозофија.
„Ние што дипломиравме за Природни науки не смееме да конкурираме, а во исто време се отвора можност човек со завршени општествени науки да предава Природни науки. Само кај нас може вакво нешто да се случи,“ реагираат наставници до редакцијата на 4NEWS.mk, коментирајќи дека ова е „дно“ за образовниот систем.
Наставниците бараат Министерството за образование да ја преиспита одлуката и да го усогласи кадарот што ќе ги предава предметите со соодветното образование.