До редакцијата на 4NEWS.mk фотографии на кои се гледаат лица како ги перат своите автомобили директно во водите на Охридското Езеро, на плажата Корали кај Лагадин.
Овој чин предизвика бурни реакции кај јавноста, која предупредува дека ваквото однесување не само што е недозволиво, туку и сериозно го загрозува еколошкиот баланс на езерото – едно од најголемите природни богатства на Македонија и под заштита на УНЕСКО.
Од локалните еколошки организации апелираат до надлежните инспекции и општинските служби итно да реагираат и да санкционираат вакви случаи, за да се спречи понатамошно загадување и деградација на езерото.