Македонија

Денес посвежо и променливо – дожд и краткотрајно невреме во делови од земјата

Денес посвежо и променливо – дожд и краткотрајно невреме во делови од земјата

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=28°C. P=977hPa. U=60%. V=6m/s.

Утре и во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до
умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни