По повод големиот државен празник – 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, премиерот Христијан Мицкоски годинава ќе оддаде почит исклучиво во Скопје, за разлика од вообичаеното чествување во Крушево или во Ташмаруништа.
Како што информира Владата, Мицкоски ќе положи свежо цвеќе на три значајни локации во главниот град:
- 10:00 часот – споменикот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република
- 10:20 часот – споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“
- 10:40 часот – споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштад „Македонија“
Официјалната програма покажува дека премиерот годинава ќе ја одбележи Илинденската борба и АСНОМ-ското наследство симболично и централно – токму од Скопје.