Македонија

Фала ви! Словенечкиот тим и чешкиот хелихоптер си заминуваат, нема активни пожари

Фала ви! Словенечкиот тим и чешкиот хелихоптер си заминуваат, нема активни пожари

Денеска замина словенечкиот тимот од 61 пожарникар и 18 возила специјализиран за гаснење шумски пожари кој дојде во земјава како поддршка за гаснење на огнените стихии со кои во изминатиот период се соочи земјава. Утре заминува и чешкиот „Блек хок“ со седумчлената посада.

За гаснењето на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на село Стровија биле ангажирани екипи на Национални шуми и доброволци кои успеале во целост да го изгаснат огнот. Целосно е изгаснат и пожарот на планината Готен и од радовишка и од беровска страна.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни