Македонија

Меџити соопшти кој ќе го замени во Влада ако стане градоначалник на Чаир

Меџити соопшти кој ќе го замени во Влада ако стане градоначалник на Чаир

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, најави дека доколку биде избран за градоначалник на општина Чаир, ќе се повлече од извршната власт, а на неговото место ќе дојде доскорешниот министер за здравство, Беким Сали.

„Ние, во рамките на коалицијата ВЛЕН, направивме детални анализи и заеднички ја донесовме одлуката дека во моментот кога ќе се вратам во Општина Чаир како градоначалник, функцијата прв заменик-претседател на Владата ќе ја преземе Беким Сали. Тој е човек кој ги има сите потребни квалитети – искуство, знаење, подготвеност за тимска работа и капацитет да ја извршува функцијата дури и подобро од мене“, изјави Меџити.

Оваа изјава доаѓа во време кога се заоструваат политичките калкулации пред локалните избори, а Чаир се профилира како клучна општина за влијанието на албанскиот политички блок. Изет Меџити, кој претходно веќе ја извршуваше функцијата градоначалник на Чаир, е еден од основачите на ВЛЕН и водечки фигури во политичката сцена меѓу албанските партии во земјата.

Губењето на Чаир би значело тежок удар за партијата.

Беким Сали, кој во јавноста е познат по својата работа како министер за здравство и поранешен кадар на Алтернатива, важи за еден од потенцијалните носители на повисоки државни функции од редовите на ВЛЕН.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни