Македонија

Повеќе од 2000 сообраќајки за три месеци во Макеоднија: Брзината и понатаму водечка причина, 22 лица го загубиле животот

Повеќе од 2000 сообраќајки за три месеци во Макеоднија: Брзината и понатаму водечка причина, 22 лица го загубиле животот

Од мај до крајот на јули годинава, на територијата на Македонија се регистрирани над 2.000 сообраќајни незгоди, покажуваат податоците до кои дојде Телевизија 24. Во овој тримесечен период, животот го загубиле 22 лица.

Најчест причинител на сообраќајките е неприлагодената брзина. Статистиката на Министерството за внатрешни работи укажува дека најмногу несреќи се случиле во јули – вкупно 780, додека најмалку имало во мај, кога биле евидентирани 617.

Во незгодите не биле вклучени само македонски државјани. Во месеците мај и јуни, регистрирани се вкупно 95 сообраќајни несреќи во кои учествувале странски државјани, но ниту една од нив не завршила со фатален исход.

Преглед по месеци: број на сообраќајни незгоди и смртни случаи

МесецВкупно незгодиСо смртна последица
Мај 20256176
Јуни 20256976
Јули 202578010

Најчести причини за незгоди во мај и јуни

ПричинаМај 2025Јуни 2025
Брзина148197
Неправилно движење со возило156153
Непочитување на првенство96124

Незгоди со странски државјани

МесецВкупно незгодиСо смртна последица
Мај 2025330
Јуни 2025620

Телевизија 24 разговараше и со пешаци и со возачи за чувството на безбедност во сообраќајот. Дел од пешаците изјавија дека се чувствуваат сигурно, но имаше и такви кои тврдат дека не се чувствуваат безбедно. Возачите, пак, велат дека кога се зад воланот ги почитуваат сообраќајните правила, но како пешаци не секогаш се чувствуваат заштитени.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави построги мерки со измените на Законот за безбедност на сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик. Според најавите, лицата што ќе бидат фатени како управуваат возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, или со екстремна брзина, ќе се соочат со трајно одземање на возилото.

Иако во изминатиот период беа поставени повеќе лежечки полицајци, како и семафори со трепкачи кои предупредуваат за крајот на зеленото светло, досегашните мерки не доведоа до значајно намалување на бројот на сообраќајки и жртви.

Според европската статистика, минатата година единствената земја од Европската Унија која не регистрирала ниту една сообраќајна несреќа со фатални последици била Финска.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни