Тројца мажи се лишени од слобода во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово, потврди полицијата. При претрес на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, биле пронајдени предмети од интерес за истрагата.
Надлежните информираа дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, како и за пронаоѓање на дополнителни докази и други лица кои можеби биле вклучени во инцидентот.