Македонија

Ќе се вршат детални анализи на водата во езерото „Младост“ кај Велес

Ќе се вршат детални анализи на водата во езерото „Младост“ кај Велес

Во август или септември 2025 година ќе се спроведат квалитативни и квантитативни физичко-хемиски, микробиолошки, фитопланктонски и зоопланктонски анализи на водите од акумулацијата „Младост“ кај Велес. Мерењата ќе се извршат на централната точка од езерото на три вертикални профили – површинска, средна и темелна вода, како и во Отовичкиот залив на површинска вода.

Врз основа на добиените резултати, избраниот изведувач ќе изготви стручен извештај со препораки за подобрување на квалитетот на водата. Посебен акцент ќе биде ставен на утврдување на присуство на фитопланктонски организми кои имаат потенцијал да лачат токсични метаболити, со детално укажување на ваквата состојба.

Овие анализи имаат за цел да овозможат навремено преземање мерки за заштита и подобрување на еколошката состојба на акумулацијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни