Македонија

Запален автомобил на полицаец во Битола

Запален автомобил на полицаец во Битола

Синоќа во Битола бил запален автомобил во сопственост на полицаец, дознава 4NEWS.mk од полициски извори. Според првичните информации, возилото било паркирано пред домот на сопственикот кога зафатила пожар, кој целосно го зафатил предниот дел од автомобилот.

Екипи на Противпожарната единица Битола интервенирале и го изгаснале пожарот, а полицијата извршила увид на местото на настанот.

Се работи на утврдување на причините за пожарот, како и дали станува збор за подметнување.

Истрагата е во тек.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни