Македонија

Драма во кумановско: Две лица нападнале полицајци и се обиделе да ги прегазат со возило – полицијата пукала предупредувачки куршуми

Драма во кумановско: Две лица нападнале полицајци и се обиделе да ги прегазат со возило – полицијата пукала предупредувачки куршуми

На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово.

Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица.

Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух.

По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни