Македонија

Негативен природен прираст во второто тримесечје: Повеќе починати отколку родени

Негативен природен прираст во второто тримесечје: Повеќе починати отколку родени

Природниот прираст во земјава и во второто тримесечје од 2025 година останува негативен и изнесува -1.135 лица, што значи дека бројот на починати е поголем од бројот на живородените деца за толку лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во овој период се родени 3.741 деца, што претставува намалување од 4,2 % во однос на истиот квартал лани.

Бројот на починати лица изнесува 4.876, што е зголемување од 1,2 % во споредба со второто тримесечје од 2024 година. Од нив, 13 се доенчиња.

Во вториот квартал од 2025 година биле склучени 2.792 бракови, што е раст од 8,1 % во однос на истиот период претходната година. Регистрирани се и 545 разводи, што претставува мало зголемување од 0,4 %.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни