Македонија

Временска прогноза за Македонија (петок, 29.08.2025)

Временска прогноза за Македонија (петок, 29.08.2025)

Денес нè очекува претежно сончево и уште потопло време низ целата земја. Ќе преовладува ведро време, со појава на мала до умерена локална облачност во попладневните часови. Утринските часови ќе бидат свежи, но во текот на денот температурите значително ќе се покачат.

Температури: Утринската температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени. Максималната дневна температура ќе достигне до 34°C, а во најтоплите делови од земјата, особено во Повардарието и во југоисточните предели, се очекува да се искачи и над 35 степени.

Ветер: Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен и југоисточен правец, со брзина до околу 13 км/ч.

УВ-индекс: УВ-индексот ќе има висока вредност 7, па затоа се препорачува да користите соодветна заштита доколку престојувате подолго време на отворено во периодот од 10 до 17 часот.

Веројатност за врнежи: Не се очекуваат врнежи во текот на денот.

Ви посакуваме пријатен и сончев ден!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни