Членовите на Лајконет во Македонија од вчера повеќе немаат пристап до своите сметки и не можат да ги користат поволностите на кешбек системот. И веб-страниците на Мај Ворлд и Лајконет Македонија, како и мобилната апликација, се затворени и деактивирани, пренесува Телма.
Според првичните информации, затворањето е извршено на барање на надлежните институции во Австрија, бидејќи и покрај активниот стечај на компанијата, преку платформите сè уште се вршело рекламирање.
Членови на Лајконет за Телма потврдија дека од вчера не можат да пристапат до своите сметки и средствата што ги имаат на нив, а кешбек системот во Македонија целосно е прекинат.
Читај и ова:
- 1.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 2.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 3.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!
- 4.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 5.Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“: Маж починал штом авионот слетал!