Македонија

Попладне нестабилно време со невреме и град на поедини места

Попладне нестабилно време со невреме и град на поедини места

Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни