Македонија

Без струја попладнево остана општина Аеродром

Без струја попладнево остана општина Аеродром

Попладнево во општина Аеродром настана голем прекин на електричната енергија, поради што без струја останаа голем број домаќинства, деловни објекти, а од употреба се исклучени и семафорите на повеќе крстосници. Поради тоа настанаа сообраќајни метежи и големи гужви во сообраќајот. Причините засега не се познати за прекинот на електрична струја.

Истовремено, во општината избувна пожар, но засега не е позната точната локација. Граѓаните пријавуваат густ чад во неколку делови на општината.

Повеќе информации се очекуваат од надлежните.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни