Македонија

ОГРОМЕН ЈАЗ ВО ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Во јули некој зел плата од 324.000 евра, а друг само еден денар

ОГРОМЕН ЈАЗ ВО ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Во јули некој зел плата од 324.000 евра, а друг само еден денар

Вистински јаз меѓу платите во Македонија е регистриран во јули годинава, кога официјалните податоци на Управата за јавни приходи (УЈП) покажаа дека највисоката исплатена нето-плата достигнала рекордна сума од речиси 20 милиони денари (324.158 евра), додека на дното на листата се наоѓа незаконска исплата од само еден денар.

Овие фрапантни податоци, кои УЈП ги достави до „Блумберг Адрија“, се базирани на официјалните месечни пресметки (МПИН обрасци) што работодавците ги поднесуваат до управата. Во топ три највисоки плати во јули, освен рекордната од над 324.000 евра, влегуваат и плати од околу 217.000 евра и 170.000 евра.

Од друга страна, регистрираната плата од еден денар е спротивна на Законот за минимална плата, според кој најнискиот износ од март наваму е 24.379 денари. Од УЈП појаснуваат дека за ваквите случаи постои воспоставена процедура.

„Согласно Меморандумот за соработка помеѓу Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, УЈП на месечно ниво го известува Инспекторатот за сите исплати кои се под законски утврдената минимална плата, со цел преземање на понатамошни инспекциски и законски постапки“, велат од Управата.

Иако УЈП ги откри рекордните износи, тие не соопштија во кои дејности се исплатени овие плати, пренасочувајќи го прашањето кон Државниот завод за статистика. Според последните официјални статистички податоци за јуни, најплатени сектори во државата биле информации и комуникации, финансиски дејности и осигурување, како и рударството.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни