Попладнево изби голем пожар на депонијата „Дрисла“.
Информацијата ја потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови“, вели Ангелов.
Ангелов вели за состојбата на терен дополнителни детали ќе соопшти командантот на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, Звонко.