Цела ноќ гори депонијата „Дрисла“ и над Скопје се шири густ чад, поради што граѓаните утрово сведочат дека воздухот е исклучително загаден и тешко за дишење.
Жителите од повеќе скопски населби велат дека мирисот на горење и чадот се чувствувале уште од синоќа, а утринава ситуацијата е уште поизразена.
На социјалните мрежи се споделуваат бројни реакции и фотографии, со апели до надлежните институции итно да интервенираат.

Според информации од терен, екипите работат на локализирање на пожарот, но чадењето продолжува.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, утрово изјави дека чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем, и, според него, не е причина за утринската магла во Скопје.
Граѓаните бараат институциите да излезат со точни информации за причините за пожарот и да се преземат мерки за спречување на вакви ситуации во иднина.
Граѓаните бараат институциите да излезат со точни информации за причините за пожарот и да се преземат мерки за спречување на вакви ситуации во иднина.