Македонија

Уште денеска поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до ОИК

Уште денеска поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до ОИК

Поднесувањето на кандидатури за градоначалници и советници за Локалните избори 2025, закажани за 19 октомври, е можно до полноќ во Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС).

По поднесувањето, ОИК/ИКГС ја проверуваат исправноста на листата и дали кандидатите ги исполнуваат законските услови. Доколку се утврдат неправилности, подносителот има рок од 48 часа да ги отстрани. Доколку кандидатот не ги исполнува условите, може да биде заменет со нов, а подносителот е должен да обезбеди докази за исполнување на условите.

Важни рокови и правила:

  • Подносителите можат да ја повлечат листата најдоцна 48 часа по нејзиното потврдување, но само во целост.
  • ДИК со ждрепка го одредува редниот број на листите, кој е ист во сите општини и Градот Скопје. Ждрепката ќе се одржи најдоцна на 25 септември.
  • Потврдените листи се објавуваат најдоцна 23 дена пред изборите. Во општините со најмалку 20% граѓани што зборуваат друг службен јазик, листите се објавуваат и на тој јазик.
  • Политичките партии учесници во изборниот процес потпишуваат Кодекс за фер и демократски избори најдоцна до 27 септември.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни