Во попладневните часови денеска избувна нов голем пожар во околината на скопската општина Илинден.
Густ облак од црн чад се издига високо и е видлив од сите делови на главниот град, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов има пожар во „Ф – ГРУПАЦИЈА“.