Денеска се навршуваат шест месеци од трагичниот настан во дискотеката „Пулс” во Кочани, кога животите ги загубија 62 млади лица.
Во спомен на нив, родителите организираат „Марш за Ангелите“.
Маршот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се движи по истата рута како и претходно – пред општинската зграда, Управата за јавни приходи, полицијата, кочанскиот суд и обвинителството, а завршницата е предвидена повторно во „Паркот на Револуцијата“.