Рано утрово, пред 4 часот, изби голем пожар во сервис за возила во месноста Каменик, во Пинтија, над поранешната фабрика „Стаклара“.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека во објектот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи материјали.
На видеоснимка што беше објавена, се гледа како едно лице го подметнува пожарот.
По пријавата, на местото веднаш интервенирале екипи на скопската Противпожарна бригада. Во гаснењето учествувале осум противпожарни возила, а огнот бил ставен под контрола и изгаснат по два часа борба со пламените јазици.