Македонија

Жител на населбата Пинтија: Ме разбуди силна експлозија – на врата ми затропаа полицајци и ме замолија да го напуштам домот!

Жител на населбата Пинтија: Ме разбуди силна експлозија – на врата ми затропаа полицајци и ме замолија да го напуштам домот!

Жител на скопската населба Пинтија раскажува дека утрово околу 3:40 часот го разбудила силна експлозија од сервис за возила во близина на неговиот дом.

„За десетина минути на врата ми затропаа полицајци и ме замолија да го напуштам домот поради безбедноста,“ вели тој.

Пожарот предизвикал голем пламен и густ чад, при што гореле гуми, пластика и други материјали.

Иако пожарот бил локализиран, гаснењето траело подолго време затоа што материјалите на неколку места тлеле и повторно се разгорувале.

„Со навремена координација на пожарникарите, пламенот беше ставен под контрола и не се прошири кон куќите во околината,“ додава жителот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни