Македонија

Македонското знаме се вее на највисокиот врв во Европа – Зоран Николов го освои Елбрус!

Македонското знаме се вее на највисокиот врв во Европа – Зоран Николов го освои Елбрус!

Зоран Николов од Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани го совлада највисокиот врв во Европа – Елбрус (5.642 м) на Кавказ во Русија, информираат од клубот.

„Овој подвиг е резултат на истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух. Нека биде инспирација за сите идни планинари“, велат од ПСК „Осогово“.

Искачувањето било дел од десетдневна експедиција, а Николов и претходно има значајни успеси – Арарат во Турција, масивот Памир во Киргистан, врвови на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и Аконкагва во Аргентина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни