Македонија

Претежно сончево и топло – од четврток дожд и грмежи

Претежно сончево и топло – од четврток дожд и грмежи

Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со слаб јужен ветер. T=33°C. P=982hPa. U=28%. V=2m/s.

Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни. Дневната температура значително ќе опадне, особено во деновите од викендот и почетокот на следната седмица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни