Македонија

Во Македонија ненадејната срцева смрт кај млади се почеста појава

Во Македонија ненадејната срцева смрт кај млади се почеста појава

Експертите уверуваат дека од технолошки и стручен аспект во поглед на ненадејна срцева смрт земјава котира на највисоко ниво.

Сепак, бројот на случаи на ненадејна срцева смрт кај млади лица е во пораст, како на на домашно ниво така и на глобално. Според стручњаците, неопходно е подигање на јавната свест за значењето на обдукцијата, која е клучна за утврдување на точната причина за смртта и потенцијално за спречување на слични случаи кај роднини на починатите.

„Во овие случаи на ненадејна кардиолошка смрт ние работиме за фамилиите. Имаме должност да ја претвориме неочекуваната фатална епизода во нешто што може да им користи на семејствата. Доколку се потврди присуство на генетска мутација, семејствата мора да поминат низ кардиолошки скрининг за да се исклучи ризикот од фатална варијанта кај други членови“, изјави Стефано Д‘ Ерико, експерт по судска медицина од Италија.

Експертите нагласуваат дека за подобро следење на појавата на ненадејна срцева смрт е потребен генерален регистар и скрининг систем, со кој би се идентификувал точниот број на случаи, причинителите и евентуалните генетски предиспозиции. Исто така, се потенцира потребата од унифицирање на протоколите за работа, што би овозможило системско и ефикасно реагирање на ваквите случаи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни