По повеќе од две недели секојдневни блокади, граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го префрли својот фокус директно на терен, организирајќи увид на лице место на дивата депонија. Активистите, кои се собраа во 7:20 часот пред мостот Близнак, го започнаа разгледувањето на состојбата на депонијата во 8:30 часот, каде што, според најавите, очекуваат да им се придружи и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, за да одговори на нивните прашања.
Од иницијативата вчера ги повикаа и претставниците на сите надлежни институции да дојдат на терен и да им презентираат конкретни мерки што ќе се преземат веднаш, а не по завршувањето на локалните избори.
Граѓаните доставија и листа со седум клучни барања за итно дејствување:
- Воспоставување на 24-часовен јавно достапен видео-надзор.
- Воспоставување на 24-часовно физичко обезбедување на депонијата.
- Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на локацијата.
- Поставување на ограда околу целата депонија.
- Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште.
- Откривање и казнување на потпалувачите на пожарите.
- Ригорозни мерки против сите кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.
Читај и ова:
- 1.ГАЛЕРИЈА Сјај и беда: Двете лица на градот крај реката
- 2.ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач со „Ауди“ усмрти пешак во Лисиче, полицијата го приведе
- 3.Дневен хороскоп – сабота – 27 септември 2025 година
- 4.Изгоре продавницата на „Синсеи“ во Неготино пред официјалното отворање
- 5.Три неработни денови за сите граѓани остануваат до крајот на оваа година