Македонија

​ЈАКИМОВСКИ СО ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА: „Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош преку фирма набавува лекови за Онкологија, затоа доцнат терапиите“

​ЈАКИМОВСКИ СО ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА: „Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош преку фирма набавува лекови за Онкологија, затоа доцнат терапиите“

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска упати жестоки лични и политички обвинувања кон својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, поврзувајќи го со набавки на лекови за Клиниката за онкологија и доцнењето на терапиите за пациентите.

​Во соопштение до јавноста, Јакимовски го опиша кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ како човек „кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа“.

​Најсериозното обвинување што го изнесе Јакимовски е дека овој кандидат сега „оперира со државниот буџет“ преку компанијата „Алкалоид Конс“.

„Преку фирмата Алкалоид Конс се набавуваат лекови за Онкологија – па нека проверат зошто доцнат терапиите и колку тендери имаат добиено. Таму лежи вистинската приказна“, се вели во соопштението на Јакимовски.

​Тој јавно запраша дали профитот и договорите се поважни од здравјето на пациентите и ги повика докторите од Онкологија да проговорат.

​„Наместо да измислуваат лаги за Карпош, нека одговорат на едно едноставно прашање: Кој профитира од тендерите за лекови и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош?“, прашува Јакимовски.

​Тој порача дека Карпош не е кафана и нема да биде „експеримент на нивните школски другарчиња“ и дека народот е со него, а „вистината ќе ги стигне и нив“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни