Беровчани се разбудија со температура од 3 степени!

Беровчани утрово се разбудија со температура од само 3 степени.

По нив следува и 6 степени Крива Паланка и Крушево, 8 во Виница, Штип, 9 во Охрид, Претор, 10 во Куманово, Битола, Демир Капија, 11 во Скопје – Петровец, 12 во Тетово.

Денеска се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.