Македонија

Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ

Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека формирањето семејство, а особено многудетно семејство, е највисок патриотски чин кон сопствената татковина, без разлика на етничката или верската припадност.

На настанот „Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал“, организиран преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на ОН (УНФПА), Мицкоски предупреди на сериозни демографски предизвици.

– Ако продолжиме со ова темпо, за 20 до 25 години можеме да станеме држава со под еден милион жители, со што ќе се доведе во прашање одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд – рече премиерот.

Тој додаде дека многудетните семејства мора да бидат приоритет на Владата и на сите идни влади, бидејќи без деца нема иднина за училиштата, инфраструктурата и самата држава.

Мицкоски потенцираше дека оваа програма е потврда за поддршката од меѓународните партнери, но и за заедничката одговорност да се сочуваат младите, семејството и иднината на Македонија.

На настанот учествуваа и директорката на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер, министерот за социјална политика Фатмир Лимани и координаторката на ОН во Северна Македонија, Рита Колумбија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни