„Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите“
Вака изјави бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор што го имал со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска-Давкова.
„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за искажаната подготвеност на Македонија да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофата“, вели шефот на бугарската држава.
Разговорот меѓу двајцата претседатели доаѓа во период кога Бугарија се соочува со интензивни дождови и поплави кои зафатија голем број области во земјата, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените подрачја е ограничен.
Поплавите, според последните информации што ги пренесуваат бугарските медиуми, однесоа четири животи.
Активностите за итни случаи продолжуваат, а волонтери, воени и социјални екипи работат на расчистување на патиштата, обезбедување на безбедноста на населението и враќање на нормалниот ритам на животот.
Читај и ова:
- 1.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 2.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година
- 3.Зајкова на Скопски маратон: Не трчаме само за гласови, трчаме за иднината
- 4.Први снимки од експлозијата на воз во Украина – Сè е разбиено, мрачни вести за бројот на повредени
- 5.Превртен камион на обиколницата кај Смиљковци