Вистинска инспирација на годинашниот Виз Ер Скопски маратон беше 72-годишниот Благоја Ацковски од Скопје, познат меѓу тркачите како Бале Брзи.
Иако на возраст кога многумина одамна би се повлекле од спортските предизвици, Бале покажа дека љубовта и упорноста немаат граници. Облечен во традиционална македонска носија, тој ја истрча маратонската патека долга 42 километри со време од 3 часа, 59 минути и 24 секунди.
Со секој изминат метар, Ацковски добиваше аплаузи и поддршка од публиката и останатите учесници. Неговиот подвиг стана симбол на духот на маратонот – борбеност, радост и гордост.
Организаторите и тркачката заедница му упатија големи честитки, истакнувајќи дека благодарение на него, Виз Ер Скопски маратон 2025 ќе остане запаметен по инспирација, насмевки и македонски дух.
Читај и ова:
- 1.Се огласи Заев за куферчињата со пари од поранешен бугарски премиер
- 2.Тешка сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид: Загина 25-годишник!
- 3.Од наредна година пензионерите ќе можат да работат без да им страдаат пензиите
- 4.Падна француската влада
- 5.Опасна супстанца пронајдена во црвени пиперки од Македонија: Предизвикува оштетување на црниот дроб и бубрезите