Македонија

Се гласа во вториот круг од локалните избори, денеска гласаат болните и затворениците

Се гласа во вториот круг од локалните избори, денеска гласаат болните и затворениците

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, недела, додека денеска традиционално гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците, лицата во домашен притвор, како и оние сместени во старски домови.

Во овој изборен круг граѓаните ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и советници на три избирачки места во општина Шуто Оризари. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), денеска гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања биле одобрени од општинските изборни комисии.

Изборната кампања за вториот круг заврши синоќа на полноќ. Денот на избори започнува утре во 7:00 часот, а гласањето ќе трае до 19:00 часот.

Процесот ќе го следат вкупно 1.598 набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен, соопштија од ДИК.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни