Во овие четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска нема да има гласање.
Причината е недоволниот одзив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.
Според Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33%) од запишаните гласачи – услов за изборите да се сметаат за успешни.
Во вакви случаи се повторува целата изборна постапка, а повторените избори ќе се одржат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати, без повторно условување со цензусот од една третина.
Во првиот круг беше извршен избор во 44 општини.