Македонија

Народниот правобранител со бесплатна линија и отворени канцеларии за заштита на избирачките права

Народниот правобранител со бесплатна линија и отворени канцеларии за заштита на избирачките права

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатна телефонска линија – 0800-54321.

На истата граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и во подрачните канцеларии на народниот правобранител.

Оттаму дополнуваат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Тетово 044 344-082
Кичево 045 228-586
Битола 047 242-310
Куманово 031 431-488
Струмица 034 329 -996
Штип 032 389-700

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни