Македонија

Македонец загина во несреќа во Италија, познат идентитетот!

Македонец загина во несреќа во Италија, познат идентитетот!

На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом се случила сообраќајна несреќа помеѓу два камиона, при што загинал 60-годишен маж, а друг бил повреден.

Жртвата, според информациите, е од Македонија, која живеела во Луго.

До несреќата дошло откако двата камиона се движеле во спротивни насоки, едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломите, кога се случил сериозниот судир.

„Ислами Месут, 60-годишниот државјанин од Македонија е човекот загина вчера во трагичната несреќа во близина на каменолом во Фосо Џијаја“, објавуваат италијанските медиуми.

Администрацијата на општината Луго изразува сочувство до семејството на Месут: неговата сопруга, двете деца и внуците.

„Добро познат во заедницата Волтана. Го викавме Макс (неговото вистинско име е Ислами), од македонско потекло, дошол во Италија пред околу 20 години да работи. И тој отсекогаш го правел тоа, со чесност и посветеност“, напиша градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи.

„Макс и неговата сопруга се добро познати и почитувани низ цела Волтана, каде што решиле трајно да се населат по краток престој во Равена. Нивната работа им овозможила на двете нивни деца да дипломираат и да купат куќа.

„Сметаме дека сме среќни што ги имавме за соседи и пријатели“, рече Валерија Монти, претседателка на Советот на Волтана. „Тие беа прекрасно семејство, совршен пример за интеграција.“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни