Свет

Папата: Стоп на насилството пред да се случи непоправлив раскол

Папата: Стоп на насилството пред да се случи непоправлив раскол

Папата Лав XIV во неделата повика на прекин на „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток, по нападот на САД и Израел врз Иран и иранската одмазда. „Соочен со можноста за трагедија од огромни размери, ги повикувам вклучените страни да ја преземат моралната одговорност да ја запрат оваа спирала на насилство пред да доведе до непоправлив раскол“, им рече папата на верниците собрани на плоштадот „Свети Петар“.

„Стабилноста и мирот не се градат врз меѓусебни закани или врз оружје, кое сее уништување, страдање и смрт, туку само врз разумен, искрен и одговорен дијалог“, рече американскиот папа за време на неговата неделна молитва Ангел Господов. „Нека дипломатијата ја врати својата улога и нека се промовира доброто на народите“, додаде тој.

Поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот, исто така, повика на „итно враќање на дијалогот“ меѓу Авганистан и Пакистан, кои разменуваат оган веќе неколку дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни