Зимските услови во земјава донесоа слаби врнежи од снег на Попова Шапка и во Крушево, како и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато.
Според последниот извештај на Јавното претпријатие „Македонија пат“, сите патни правци низ државата се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Сепак, на возачите им се препорачува зголемена внимателност и прилагодување на брзината, особено при движење низ клисурите каде што постои зголемена опасност од појава на одрони.