Возач усмртил куче кое поминувало улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка.
Случајот го пријавила кавадарчанката.
„Вчера во 15:10 часот во ОВР – Неготино, 33-годишната В.М. од Кавадарци пријавила дека, додека се движеле по улица „Маршал Тито“ во Неготино заедно со нејзината малолетна ќерка и нивното куче и се обиделе да ја преминат улицата, патничко возило удрило во кучето и го усмртило, по што заминало од местото“, соопштија од СВР – Велес.
Додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.