Македонија

29-годишна девојка од Битола почина во гостиварската болница

29-годишна девојка од Битола почина во гостиварската болница

Во Гостиварска болница вчера почина 29-годишна девојка од Битола, информираат од СВР Тетово. Жената била донесена во болницата во лоша здравствена состојба, а лекарите констатирале смрт веднаш по приемот.

„По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено во Судска медицина за обдукција“, соопшти полицијата. Дополнителни информации за причините за смртта ќе бидат познати по завршувањето на обдукцијата.

Случајот е предмет на понатамошно истражување, а полицијата апелира на внимателност додека трае расчистувањето на околностите.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни