Македонија

Инцидент во Центар: Мотоциклист нападнал малолетник кој го гаѓал со балон со вода

Инцидент во Центар: Мотоциклист нападнал малолетник кој го гаѓал со балон со вода

На 20.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, М.З.(57) од Скопје пријави дека околу 15:15 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Според пријавителот, неговиот син заедно со неколку другари наполниле балонче со вода и фрлиле кон лицето, кое управувало мотоцикл и го погодиле во задното тркало, по што лицето застанало и почнало да ги брка, го стигнал неговиот син и физички го нападнал, по што се обидел да прегази друг малолетник, но детето побегнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни