Македонија

Најстудено утрово во Лазарополе

Најстудено утрово во Лазарополе
ФОТО 4NEWS.MK

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, додека во попладневните часови се очекува промена со нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата.

Според прогнозата, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и можно е невреме со обилен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Попладне ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, а во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

Максималната дневна температура ќе се движи од 22 до 28 степени.

Во Скопје, претпладне времето ќе биде сончево, а попладне се очекува нестабилност во делови од котлината со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 28 степени.

Најниски утрински температури се измерени во Лазарополе и на Попова Шапка со 7 степени, додека најтопло утрово било во Штип, Куманово, Виница, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид со 12 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни